Ненад Димитријевиќ („Олимпија Милано“)/фото: EPA-EFE/L. Rico

Ненад Димитријевиќ повторно во дресот на Уникс Казан!?

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ би можел повторно да игра за рускиот кошаркарски клуб Уникс Казан.

Како што информира Спорт Бизнис Онлајн, Уникс стапил во контакт со нашиот репрезентативец.

Претходно беше објавено дека Димитријевиќ преговараше со раководството на Олимпија Милано за раскин на договорот.

Да потсетиме, македонскиот плејмејкер играше за тимот од Казан од 2022 до 2024 година. Играјќи за Уникс, Димитријевиќ стана шампион во ВТБ лигата во сезоната 2022/2023.

Оваа сезона играше на 25 натпревари во досегашниот тек од Евролигата, со просек од 7,9 поени, 1,6 скок и три асистенции.

Димитријевиќ заминува од Олимпија Милано?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот