Фото: twitter

ВИДЕО I Немирно во атинската населба Неа Смирни: Демонстранти се судрија со полицијата, повреден полицаец

Сериозни инциденти се случија вечерва во атинската населба Неа Смирни за време на протестот против полициското насилство, кога маскирани лица ја нападна полицијата со камења, дрва, но и огромен број молотови коктели, додека пак полицијата одговори со солзавец, шок бомби, но и топови со вода, јави дописничката на МИА од Атина.

Во инцидентите е повреден еден полицаец, кој според првичните информации, бил нападнат од поголема група непознати лица, а поради инцидентите, запалените канти за отпадоци на повеќе од улиците, брзата помош со тешкотии стигна за да му помогне на полицаецот кој лежеше на земја.

Денешниот протестот беше организиран откако во неделата жителите на Неа Смирни, преку сведоштва и објавени видеа на социјалните мрежи обвинуваа за полициско насилство врз момче.

 

Инцидентите се во населбата што важи од една од помирните во јужниот дел на Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот