Џефри Епштајн - Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Нема веродостојни информации дека Епстин тргувал со малолетници за други луѓе, тврди шефот на ФБИ

Директорот на ФБИ Кеш Пател беше сослушан пред Комитетот за судство во Сенатот, каде што одговараше на прашања за истрагата за убиството на Чарли Кирк, како и за досиејата на Џефри Епстин, пренесуваат американските медиуми.

Директорот на ФБИ, на прашања на сенаторот Џон Кенеди за начинот на кој Министерството за правда ги ракува досиејата поврзани со Џефри Епстин, одговори дека ништо во досиејата на одделот не укажува дека други биле вмешани во трговијата со малолетници од страна на починатиот контроверзен инвеститор, кој се самоуби во затвор.

Кенеди го праша Пател за „досиејата на Епстин“, истакнувајќи дека „централното прашање за американскиот народ е следново: тие знаат дека Епстин тргувал со млади жени за секс… тие сакаат да знаат со кого, ако има некој друг на кого му ги продавал тие млади жени“. Републиканецот од Луизијана го нарече тоа „многу фер прашање“ на кое и самиот сакал одговор.

– Кому, ако има некој, Епстин ги тргувал овие млади жени, освен себеси?, праша Кенеди.

Пател на тоа одговори дека освен на самиот себе, нема веродостојни информации дека ги тргувал на некој друг.

– Нема веродостојни информации – никакви, ако имаше, ќе го покренев случајот вчера – дека тој ги тргувал со други лица. А информациите што ги имаме, повторно, се ограничени, одговори Пател, додавајќи дека тоа се заснова на информациите што ги имаат кои се наоѓаат во досието на случајот.

Кенеди го охрабри Пател да ги објави досиејата, велејќи дека „ова прашање нема да исчезне“.

Пател понатаму објасни дека досието на случајот на кое се осврнувал се доказите собрани во претходната истрага за Епстин што резултираше со договор за негонење во 2008 година. Тој рече дека одлуката целосно да не се истражат обвинувањата против него потоа „ги попречила идните истраги“.

Роберт Кенеди Јуниор
фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

 

– Сега не велам дека другите не биле тргувани, дека другите не биле вклучени. Она што ви го кажувам е дека врз основа на информациите што ги имаме – и континуирано и јавно бараме од јавноста да излезе со повеќе информации, доколку ги има, ќе ги разгледаме – но врз основа на веродостојни информации, ги објавивме сите веродостојни информации, а информациите што Министерството за правда и ФБИ никогаш не ги објавуваат се информации за истраги кои не се веродостојни, рече Кенеди.

Тој рече дека „информациите што ги објавуваме сега се историски и се исто така во рамките на максималниот капацитет што го дозволува законот“.

– Знам дека тоа нема да задоволи многу, многу, многу луѓе, но ако сакаа да се направи како што треба, тогаш истрагата од самиот почеток требаше да се спроведе како што треба и нему не требаше да му се даде дозвола за излегување од затвор, рече Пател.

Директорот на ФБИ Кеш Пател / Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER / POOL

Кенеди го праша Пател дали осомничениот за убиството на активистот Чарли Кирк делувал самостојно, на што Пател одговори дека осомничениот е пронајден за 33 часа и оти иако истрагата е во тек, не ја исклучува можноста во неговиот атентат да биле вклучени повеќе лица.

Сенаторот исто така се осврна на вработените во ФБИ Лиса Пејџ и Питер Строк, кои како што рече биле агресивни политички активисти против Трамп и чии ставови влијаеле на нивната работа во Бирото.

– Во нивните текстуални пораки Пејџ го прашува Строк дали навистина Трамп ќе стане претседател, на што Строк одговара, не нема да биде, ние ќе го запреме тоа. Пејџ даде отказ од ФБИ, Строк беше отпуштен, тие потоа тужеа поради објавување на нивните мејлови.  ФБИ ја среди таа тужба, му даде на Строк 1,2 милиони долари, додека на Пејџ, која даде отказ, а не беше отпушена, 800.000 долари. Кој во ФБИ ја донесе таа одлука да им се дадат тие пари, го запраша Кенеди Пател.

Тој одговори дека таа тужба била решена кога директор бил неговиот претходник.

– Таа тужба беше решена кога директор беше мојот претходник. Тужбата можат да ја средат само државниот обвинител во соработка со директорот и администрацијата, кажа тој.

На прашањето дали кога го презел директорското место во ФБИ, дали нашол инстанци со кои администрацијата на Бајден го политизирала Бирото да ја води неговата политичка агенда, Пател одговори дека нема да дозволи тоа повторно да се случи, но, кажа, „посветен сум на целосна истрага на тоа што се случило и таа се уште трае“.

– Секој што ќе ја политизира својата работа, нема да работи во ФБИ, дециден беше Пател.

На прашањето на Кенеди дека постоеле обвинувања дека и Пател ја политизира ФБИ за да ги спроведува политичките убедувања на претседателот Трамп, Пател кажа дека тоа не е точно и оти за тоа говори и статистиката на неговата работа.

– Вкупно 23.000 апсења, 6.000 парчиња запленето оружје, 47 деца пронајдени и спасени, запленета голема количина фентанил, ова се историски бројки, рече Пател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот