
Нема судии во Кочани за евентуално судење за трагедијата
Сите петмина судии од Основниот суд во Кочани постапувале во прв или втор степен во постапката што се води за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во која загинаа вкупно 62 лица. Денеска во Судскиот совет свечена изјава даде новоизбраниот претседател на Судот, Спиро Борисов.
Препорачано
Ниту од Судскиот совет, ниту Борисов не сакаа да прејудицираат дали судењето ќе се одржи во Кочани со образложение дека е се уште рано.
-Мислам дека е рано, се во свое време. Судскиот совет е во тек. За тоа не треба да одлучува Судскиот совет, ќе се постапи согласно законите – рече претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.
Борисов кажа дека сите судии веќе постапувале во прв и втор степен и не можат да постапуваат.
-Во моментот може да истакнам дека во тек е истражна постапка. Се постапува по изјавени жалби на одлуки на судија претходна постапка. Секој кој постапувал како судија на претходна постапка, според законот за кривична постапка, понатаму не може да учествува како член судечки судија, член на советот за оценка на обвинение – рече Борисов и кажа дека сите постапувале веќе во прв и втор степен.
Нема информација се уште дали ќе се делегираат судии од други судови или судењето ќе се води во други судови.