
Нема струја во штипската болница поради скинат кабел, до полноќ ќе работи на агрегат
Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи околу 15 часот при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата скинат е среднонапонски кабел, потврди вечерва за МИА директорот на болницата, д-р Владко Захариев. Тој рече дека пациентите кои се во критична состојба во болницата не се загрозени, бидејќи струја има за апаратите и салите.
Препорачано
„Информирани се сите болници и регионални центри во источниот регион, доколку имаат пациенти кои се критични да се прифаќаат во болницата во Кочани или да се транспортираат во Скопје. Пред половина час пристигна екипа на ЕВН и работи на санација на кабелот“, вели Захариев.
Според првичните информации, се очекува проблемот со струјата да се реши околу полноќ. Захариев додава дека нема потреба од паника или стравување, бидејќи болницата е приклучена на агрегат и се работи на решавање на проблемот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
26мин
-
39мин
-
50мин
-
54мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5