Нема политичка волја за борба против сивата економија

Корупција
Корупција / Фото: Архива на „Слободен печат“

Триесетина години ја броиме, ама никако да ја доброиме, па затоа секогаш кога се зборува за обемот на сивата економија во државава се калкулира со процент од 20 до 40 отсто од БДП. Сите знаат дека постои сивата економија, таа се чувствува, но тешко се мери, велат експертите. Шверцот, митото и корупцијата, неплаќањето на царините и другите давачки, како и неформалните работници, се дел од „пипалата на сивото ткиво“, кое единствено се отстранува со остар рез. И акo на сето ова, едноставно се гледа како на социјален вентил, тогаш станува збор за огромна заблуда или за непознавање на состојбите. Оти, сивата економија само нa почетокот игра амортизирачка улога, кoja со тек нa времето се претвора во паралелен систем со свои правила, констатираат аналитичарите и додаваат дека е очигледен недостигот од вистинска волја за решавање на овој суштински проблем.

-Сивата економија не е проблем во Македонија, проблем е што таа е прерасната во „државна сива економија“ И наместо вистински да се фатиме во костец со ова зло, ние носиме палијативни мерки – вели за „Слободен печат“, даночниот експерт Славко Лазовски.

Тој е дециден дека првиот фронт против сивата економија е даночната управа, но, исто така се прашува зошто недоволно ја користиме меѓународната правна помош?

-Размената на информации и искуства со странските институции треба да биде врвен императив, оти европските даночни управи се многу силни и добро организирани и поврзани со Интерпол. Тоа ни фали, исто како што недостига соработка меѓу домашните општински даночни управи и УЈП. Сега само се префрла одговорноста и се одолговлекуваат постапките. Сите се лажат дека со замижувањето пред сивата економија се купува социјалниот мир. Тоа не е точно, бидејќи таа претставува најгруб облик на човечка експлоатација – дециден е Лазовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот