Ракети EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Нема навестувања за директна воена закана кон Романија и Молдавија, вели Вашингтон

Вашингтон тврди дека во овој момент нема „индиции“ за директна воена закана од Русија против Молдавија или Романија, откако претходно денеска Украинците објавија дека неколку руски ракети прелетале над двете земји.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неколку руски проектили истрелани кон неговата земја, прелетале над Молдавија и членката на НАТО Романија, оквалификувајќи го тоа како предизвик за Алијансата и колективната безбедност.

Портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател се осврна на шпекулациите за потенцијалниот одговор на НАТО доколку се потрдат украинските наводи дека проектилите навлегле во воздушниот простор на Романија, една од земјите-членки на воената алијанса.

„Одржуваме блиски контакти и комуникација со нашите молдавски партнери и романските сојузници“, рече Пател.

Молдавија идентификува руска активност за „дестабилизација“ на државата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот