Нема да се градат нови хотели, Амстердам воведува забрана

Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели во обид да се справи со прекумерниот туризам, соопшти градската влада.

„Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи – нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти, објави ФоНет.

Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само доколку се затвори уште еден, ако не се зголеми бројот на легла и доколку се нудат подобри услови во однос на одржливоста. Оваа одлука не се однесува на хотелите чија изградба е веќе во тек или кои добиле градежна дозвола. Градот активно се обидува да ги ограничи туристичките посети, кои се бројат во милиони годишно, пишува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот