Фото: Unsplash

Туристите открија возење во Венеција кое чини само 2 евра: Гондолиерите тврдат дека работата им пропаѓа

Некогаш скриената тајна на Венеција, возењето за само 2 евра сега создава хаос! Редиците од туристи сè подолги, а гондолиерите стравуваат за својата иднина…

Многумина велат дека посетата на Венеција е едноставно незамислива без возење со гондола. Меѓутоа, тоа класично 30-минутно искуство, за кое локалното население вели дека најдобро го доловува духот на овој исклучително популарен „италијански град на вода“, ќе ве чини дури 90 евра.

А потоа на сцената стапија инфлуенсерите за патувања, кои на социјалните мрежи почнаа масовно да промовираат многу поевтина алтернатива – што предизвика голем бран незадоволство кај гондолиерите. Поради нивното „откритие“, велат тие, сега трпи работата од којашто живеат.

Како што објавува порталот „Еуро њуз“, за сè се всушност виновни т. н. трагети (traghetti).  Иако многу личат на гондоли, тие се користат само за преминување на Големиот канал по ширина, и toa исклучиво на места каде што нема мостови во близина (а вкупно има само четири). Затоа, трагетиte се всушност превозно средство наменето исклучиво за локалното население.

Сепак, на одредени точки по должината на Големиот канал постојат станици на кои можете да се качите на трагети – бродови кои со изгледот потсетуваат на пошироки и подолги гондоли. Со оглед на фактот дека возењето со овој брод чини само 2 евра, не е ни чудо што туристите полуделе по нив. На станиците се создаваат огромни гужби, а жителите на Венеција се на работ на очај.

Некои веруваат дека трагетите треба да бидат поскапи за оние што ги користат за забава, а не за потреба, додека други предлагаат нивните станици целосно да се отстранат од Гугл мапс.

Бидејќи до пред неколку години, трагетите ги користеа главно локалното население. Меѓутоа, откако информациите за овие бродови почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи и да се вклучуваат во навигацијата на Гугл мапс, редовите туристи што чекаат возење по каналот станаа бескрајни.

Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Мештаните бараат бесплатно возење со гондола

Билетот за трагети за туристите во моментот изнесува 2 евра, додека жителите на Венеција плаќаат 0,70 евра. Сепак, некои мештани инсистираат на појасно одредување на цените. Тие бараат возењето да биде целосно бесплатно за нив, а цената за туристите да се зголеми.

„Се обидуваме да им објасниме на туристите дека локалното население е приоритет бидејќи услугата е наменета за нив, но тоа не е лесно“, се пожалил Маурицио Гали пред локалните медиуми.

Градските советници сега предлагаат целосно отстранување на трагет станици од Гугл мапс. Додека вапоретите (венецијанските водни автобуси) имаат две одделни влезни точки – една за жителите и една за туристите – давајќи им предност на мештаните, тоа не е случај со бродовите, кои очигледно станаа евтина замена за гондолите.

„Секој што го претставува возењето со гондола како траект треба да биде казнет“, заклучува Гали.

Фото: Wikimedia Commons

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот