
Нефролог предупредува: Избегнувајте ореви ако ja имате оваа здравствена состојба
Лекарите се согласуваат дека оревите изобилуваат со придобивки, истакнувајќи дека тие се богати со алфа-линоленска киселина (АЛА) – еден вид есенцијална омега-3 масна киселина – и дека имаат антивоспалителни својства.
Препорачано
– Јадењето ореви го поддржува здравјето на неколку системи во вашето тело, вклучувајќи го кардиоваскуларниот, гастроинтестиналниот и ендокриниот систем. Оревите го поттикнуваат здравјето на цревата и мозокот, а нивната противвоспалителна способност го намалува ризикот од рак – вели нефрологот д-р Чидози Одигве за „Парад“ (Parade).
Лекарката за лекување дебелина, д-р Џени Стенфорд, истакнува дека омега-3 масните киселини во оревите можат да го подобрат холестеролот, а антиоксидантите да го намалат оксидативниот стрес. Покрај тоа, таа додава дека оревите содржат влакна и придонесуваат за когнитивните функции.
Меѓутоа, оревите можат да бидат опасни за одредена популација – онаа во која спаѓаат приближно еден од седум возрасни.
Станува збор за луѓето со болести на бубрезите.
– Знаци на болести на бубрезите вклучуваат често уринирање, сува кожа, крвава или пенлива урина, грчеви во мускулите и отечени нозе. Ако ги забележиме овие знаци, важно е што побрзо да посетите лекар. Тој може да направи тест на крвта и урината, што е единствениот начин да дознаеме дали имаме болест на бубрезите – вели д-р Одигве.
Всушност, д-р Одигве сака да објасни дека не сите пациенти со бубрежна болест треба да го избегнуваат или ограничуваат јадењето оревите.
– Само пациентите со хронична бубрежна болест (ХББ) во напреден стадиум, како и пациентите на дијализа, мора да го ограничат, ако не и целосно да го избегнат јадењето ореви – рекол д-р Одигве.
Оревите се богати со две хранливи материи кои можат да бидат токсични доколку се консумираат во големи количини: фосфор и калиум.
Дури и да не се консумираат во големи количини, бубрезите на лицата со ХББ не можат добро да обработат калиум и фосфор, што претставува проблем.
– Клучната работа овде е што бубрезите помагаат да се одржуваат нивоата на фосфор и калиум под контрола. Меѓутоа, пациентите со напредната хронична бубрежна болест, за жал, го немаат тој луксуз, затоа се изложени на висок ризик од претерано високи нивоа на овие два елементи – објаснил д-р Одигве.
Но, тоа е само една од грижите.
– Оревите, а и бадемите, исто така содржат оксалати, кои можат да предизвикаат камења во бубрезите ако се јадат во големи количини. Пациентите со хронични бубрежни болести треба да внимаваат на исхраната за да ја контролираат болеста – напоменува д-р Стенфорд.
Сепак, освен оваа специфична група на луѓе, оревите се паметна закуска или додаток во салата. Доктор Одигве им ги препорачува на сите други, бидејќи придобивките од оревите се огромни.