Фото: EPA-EFE/OLE BERG-RUSTEN NORWAY OUT

„Не сме ние“: Киев реагира на американските тврдења дека „проукраинска група“ го минирала гасоводот „Северен поток“

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подолјак, денеска изјави дека Киев „апсолутно не бил вклучен“ во минатогодишната саботажа на руските гасоводи „Северен поток 1“ и „Северен поток 2“. Подолјак додаде дека нема информации за тоа што точно се случило.

Тој ги даде овие коментари како одговор последните наводи од американски разузнавачи дека за саботажата најверојатно се одговорни „проукраински групи“.

Новите разузнавачки информации разгледани од американски официјални лица сугерираат дека минатогодишниот напад на гасоводот „Северен тек“ го извршила проукраинска група, објави денеска „Њујорк тајмс“.

Нападот врз гасоводот во Балтичкото Море се случи во септември лани, кога цевките беа оштетени од мистериозни подводни експлозии. Европските власти спроведоа истрага и најавуваа „жесток одговор“ доколку се работи за саботажа. Тоа дека некој намерно го оштетил гасоводот беше утврдено подоцна, но европските земји досега директно не обвиниле ниту една земја дека е одговорна за саботажата.

Во новиот извештај од денеска, „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на американски официјални претставници, пишува дека нема докази оти украинскиот претседател Зеленски или највисоките украински функционери биле вмешани во операцијата, ниту дека сторителите дејствувале по инструкции на кој било функционер на украинската влада.

Извештајот во кој се цитираат американски разузнавачи и се обвинува „проукраинска“ група за минирањето на гасоводите, доаѓа откако американскиот истражувачки новинар-ветеран Сејмор Херш објави свое истражување околу виновниците за саботажата, кое предизвика потреси ширум светот. Во него се вели дека постојат докази оти лично американскиот претседател Џо Бајден наредил да се минира гасоводот „Северен поток 2“, кој носи руски гас во Европа, односно во Германија. Гасоводот вреден 12 милијарди долари е инвестиција на пет германски енергетски компании-гиганти и руската државна компанија „Газпром“, која управува со „Северен поток 2“.

Американски новинар: Бајден наредил да се минира гасоводот „Северен тек 2“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот