Фото: Freepik

Не ги вадите ланчето, нараквиците или обетките пред спиење? Можеби сепак треба

Важноста на вадењето накит пред спиење често се потценува, иако тоа може да има позитивни ефекти врз здравјето. Можеби изгледа како сосема неважна навика, но всушност може да има важно влијание врз вашиот секојдневен живот. Одлуката да започнете да го отстранувате целиот накит пред спиење може да донесе значителни придобивки и на долг и на краток рок, како што се подобар сон и поздрава, поубава кожа. Покрај подобар квалитет на сон, ќе ви помогне да имате поубава кожа која е помалку подложна на инфекции и иритација. Откако ќе ги прочитате овие причини, отсега може сериозно да размислите да ги извадите герданот, нараквиците, прстените, обетките и друг накит пред да одите во кревет.

1. Носењето прстен на раката ноќе може да предизвика оток

Носењето прстени додека спиете може да предизвика отекување на вашите прсти, особено ако сте јаделе нешто солено претходната вечер. Ова, меѓу другото, може да го отежне отстранувањето на прстенот следното утро, па дури и да предизвика болка или оштетување на прстенот.

2. Спиењето со ланче може да го намали квалитетот на сонот

Малите алки на ланчето лесно може да се заплеткаат заедно за време на спиењето, а понекогаш дури и да се заплеткаат во вашата коса, особено ако имате многу долга коса. Заплетканите алки може да ви го нарушат и иритираат вратот, да ви се заплеткаат во косата… Отстранувањето на ланчето пред спиење може да ви помогне да спиете подобро, без ризик да се разбудите поради непријатното чувство.

3. Накитот може да ја иритира кожата

Еден од најголемите проблеми што може да предизвика оваа лоша навика е иритација на кожата, особено кај луѓето со чувствителна кожа или оние кои страдаат од алергии на метал. Постојаното триење на накитот со кожата може да предизвика чешање, црвенило или исип на кожата.

4. Издолжен дел на увото

Спиењето со обетки, без разлика колку се големи или мали, создава постојан притисок врз ушите. Со текот на времето, овој притисок може да предизвика истегнување и издолжување на ушите, двајки изглед што „виси“.

5. Носењето накит навечер го поттикнува растот на бактериите

Често носиме накит цел ден и затоа нашите ланчиеа, нараквици, обетки и друг аксесорис можае да стане идеално место за акумулација на нечистотија и бактерии. Јасно е дека спиењето со таков накит може да предизвика и дерматолошки проблеми, како што се инфекции, мозолчиња или митесери.

6. Накитот може да се оштети

Многу е лесно да се оштети накитот додека спиете. Накитот може да се изгребе или оштети ако се трие со постелнината. Затоа, вадењето накит пред спиење може да го продолжи неговиот животен век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот