Фото: Pexels

Не ги фрлајте старите волнени џемпери: Со овие трикови ќе изгледаат сосема ново

Со доаѓањето на постудените денови, од плакарот вадиме топли, волнени џемпери, кои ни се удобни сојузници во текот на зимата. Меѓутоа, кога се носат долго време, џемперите можат да го променат својот изглед.

Повеќето од нас ги складираат на страна џемперите во текот на летото, па се случува да бидат спакувани и малку стуткани. Доколку стоеле долго време и ја изгубиле свежината, можете брзо да ги освежите со неколку трикови. Замрзнувачот може да ви помогне во тоа.

Верувале или не, замрзнувачот може да помогне со непријатните мириси на облеката. Едноставно преклопете го џемперот, ставете го во пластична кеса и оставете го во замрзнувач преку ноќ. Студот ги уништува бактериите кои често се причина за непријатни мириси. Овој трик работи и за фармерки или спортска опрема.

Направете освежувач – џемперите можете брзо и лесно да ги освежите со едноставен домашен рецепт. Потребни состојки:

1/2 чаша вода
1/4 чаша алкохол или вотка
5 капки од омиленото есенцијално масло
Шише со спреј

Измешајте ги состојките во шишето, протресете и лесно испрскајте го џемперот. Оставете го да се исуши.

Ако имате машина за сушење, вклучете ја кратко време на пониска температура или без греење. Ставете го џемперот заедно со топчињата за сушење (по можност волнени), кои ќе ви помогнат да се ослободите од застарениот мирис и да го вратите волуменот. Постапката трае 5-10 минути, а по потреба можете да ја повторите.

Овие практични совети ќе ви овозможат да ги одржувате вашите омилени џемпери миризливи и освежени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот