пари ,плата ,мито ,евра- Фото Слободен печат-Методи Здравев

Не е соодветно хрватските газди да се жалат дека немаат пари за зголемување на платата!

Економскиот професор Жељко Гарача од Економскиот факултет во Сплит за Н1 Хрватска, вели дека постепеното укинување на субвенциите за електрична енергија и гас да започне порано, во време кога инфлацијата забавувала. Според него, сега кога инфлацијата повторно почнала значително да расте, укинувањето на субвенциите ќе доведе до зголемување на цената на електричната енергија, што директно ќе влијае на скокот на инфлацијата, која ќе биде за 0,5 проценти повисока за два месеци отколку што би била доколку субвенциите не беа укинати. Професорот Гарача го истакнува прашањето за нееднаквоста како важна тема.

„Високото ниво на нееднаквост е загрижувачко. Кога се вели дека официјалната инфлација на храната е шест проценти во просек, најранливата група граѓани, со најнизок приход, всушност доживува инфлација на храната од 12 проценти, додека најбогатата група, во рамките на своите приходи, има зголемување од еден до два проценти. Имено, најранливата група издвојува повеќе од половина од својот месечен приход за храна и домување. Од различните структури на потрошувачката кошничка, добиваме тажни слики за тоа како најранливите граѓани се справуваат од месец во месец“, вели Гарача.

Тој се осврна и на приватниот сектор, со став дека „не е соодветно кога претприемачите се жалат дека немаат простор за раст на платите во приватниот сектор бидејќи уделот на профитот расте“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот