pixabay

Не е само за главоболки: Аспиринот може да ви ја спаси и разубави градината – еве како…

Истражувањата покажаа дека со правилна употреба на аспирин во градината, можете да поттикнете побуен раст на растенијата и да го зајакнете нивниот имунитет.

Иако аспиринот е првенствено познат како лек за главоболки и ублажување на болка, истражувањата покажаа дека може да биде корисен и за вашите растенија. Активната состојка во аспиринот, ацетилсалицилната киселина, им помага на растенијата да растат побрзо, да го подобрат квалитетот на плодовите и да ја зголемат отпорноста на болести.

Аспиринот го зајакнува имунитетот на растенијата

Ацетилсалицилната киселина, која природно се наоѓа во салицилната киселина, им помага на растенијата да се справат со стресот. Растенијата природно произведуваат мали количини на салицилна киселина кога се нападнати од штетници и болести, со што се зајакнува нивниот имунолошки систем.

Неодамнешните истражувања на Министерството за земјоделство на САД покажаа дека салицилната киселина го подобрува имунолошкиот одговор на растенијата, особено кај растенија како што се доматите, компирите, модрите патлиџани и пиперките, помагајќи им ефикасно да се борат против микробите и нападите од инсекти.

Побуен раст
Се смета дека аспиринот ја подобрува фотосинтезата кај растенијата, помагајќи им подобро да ја апсорбираат светлината и да ја претворат во енергија, што може да резултира со подобар раст и поживи лисја.

Некои експерименти покажаа дека доматите третирани со аспирин имале значително повисоки нивоа на витамин Ц, додека црешите растеле поголеми, биле поцрвени и содржеле повеќе антиоксиданси.

Како да се користи аспирин за растенија

За да користите аспирин во градината, едноставно растворете една таблета аспирин во четири литри вода и испрскајте го растворот врз листовите на растенијата. Важно е аспиринот да се користи во умерени количини, бидејќи прекумерната употреба може да им наштети на растенијата. Исто така, не заборавајте правилно да го разредите растворот и да прскате наутро или навечер кога температурите се пониски за да спречите оштетување на растенијата.

Аспиринот може да биде природно решение за подобрување на здравјето на вашите растенија, но секогаш запомнете дека умереноста е клучна – со правилна примена, вашите растенија можат да станат поздрави, поотпорни и уште побујни во растот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!