„Не биди ѓубре“ в недела ќе вади автомобилски гуми од Вардар

Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“ в недела во 12 часот ќе организираат вадење на потонатите автомобилски гуми од Вардар, во близина на мостот „Гоце Делчев“, информира за Слободен печат Ирена Ристиќ.

Како што соопштува Ристиќ, станува збор за активност која се одвива во рамки на Неделата на глобални климатски протести, што се одбележува од 20-27 септември.

Пред тоа, денеска пред Влада во 17 часот ќе започне акција предводена од иницијатива „Не биди ѓубре“, а поддржана од голем број здруженија за заштита на воздухот, и еколошки здруженија.

Во 18:30 во кафе „Котур“ ќе има панел дискусија со проф. Наташа Марковска, претставник на Македонија во Меѓународниот панел за климатски промени, проф. Ристо Цицонков, автор на првиот национален извештај за климатски промени, и Симона Гетова, магистер по менаџмент и политики за животна средина од ЦЕУ во Будимпешта.

Вклучи се, придружи се, активирај се!- повикуваат организаторите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот