Фото: Screenshot

Навивач на премиерлигаш суспендиран на пет натпревари поради дрес на Палестина

Долгогодишен навивач на англискиот фудбалски клуб Брајтон тврди дека му било забрането да носи дрес со натпис „Палестина“ на натпреварот против Фулам, и притоа бил суспендиран на пет натпревари,иако, како што наведува, дресот не содржел никакви политички пораки или пароли.

Навивачот, кој речиси десет години има сезонски билет за натпреварите на Брајтон, објави на социјалните мрежи фотографија од спорниот дрес, на кој стои само името „Палестина“, без никакви дополнителни симболи или натписи.

„Ја соблеков јакната додека одев до моето место. Под неа носев дрес на Палестина, без слогани, без политика, само зборот ‘Палестина’“, напиша навивачот во својата објава.

Тој детално опиша како се одвивала ситуацијата:

„Во првото полувреме немаше никакви проблеми. Но, на полувреме, редарите ме замолија да го напуштам стадионот, без никакво објаснување. Кога одбив, се вратив на моето место и продолжив да го гледам натпреварот“, додава тој.

Неколку дена подоцна, наместо одговор на жалбата која ја испратил до клубот, добил официјално известување за суспензија на пет натпревари. Во видеозапис објавен во коментарите на неговиот профил, се гледа моментот кога редарите му приоѓаат, но никаде не се објаснува врз основа на кое правило дресот би бил спорен.

Од клубот Брајтон сè уште нема официјален став по ова прашање, но случајот веќе предизвика бурни реакции меѓу фудбалската јавност и бранителите на човековите права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот