unsplash

Науката се обидува да одговори на кој личиме повеќе: Чии гени се „посилни“ на жените или на таткото?

Кога станува збор за наследувањето на гени, но и чии гени имаат поголемо влијание врз изгледот на детето, многу родители ќе се согласат дека не станува збор за 50:50 од гените на мајката и таткото.

unsplash

На пример, повеќето луѓе знаат дека гените носат сопствена ДНК, кои се составени од 23 хромозоми во форма на буквата „X“. Тие се „спакувани“ во внатрешноста на клеточното јадро и ДНК која содржи подеднакво гени од двајцата родители. Но, клетките содржат и друг хромозом, кој е скриен во внатрешноста на митохондриите, пишува „Live Science“.

Митохондрија или „батеријата“ на клетките произведува енергија за клетките и игра важна улога во стареењето или некои други функции на организмот, тврдат научниците. Митохондриите имаат свој сет на ДНК што го наследуваме само од мајката.

unsplash

Тоа е јасен доказ дека ние повеќе личиме на нашите мајки отколку на нашите татковци“, изјави Марика Хараламбос, генетичар од Кралскиот Универзитет во Лондон.

Некои студии сугерираат дека митохондријалната ДНК игра важна улога и во физичката издржливост на човекот. На пример, шпански и израелски научници го проучувале митохондријалниот ген кој е поврзан со тоа колку кислород можеме да користиме за време на физичка активност. Нивното истражување покажало дека генот кој е поврзан со послаба физичка кондиција е помалку присутен кај најдобрите велосипедисти или спортисти отколку кај поголемиот дел од популацијата.

unsplash

Повеќето разлики во изгледот не зависат само од гените, туку од низата хемиски „прекинувачи“ што се наоѓаат на врвот на нашата ДНК и му кажуваат на нашето тело кој дел од генот да го „прочита“ и „преведе“ а кој да го „игнорира“.

Постои цело ниво на генетска варијација меѓу луѓето, што не е само низа на гени“, вели Хараламбос.

Во феноменот познат како „втиснување“, овие „прекинувачи“ целосно ги исклучуваат одредени гени, но само кога потекнуваат од одреден родител и овие обрасци остануваат кај идните генерации.

unsplashПовеќето истражувања тврдат дека во нашето тело има помеѓу 100 и 200 такви гени, но некои студии исто така наведуваат дека има дури и повеќе. Овие гени се особено важни за мозокот и плацентата.

Научниците, не можат да се согласат на темата дали ние ги наследуваме ваквите гени од нашата мајка или татко.

Истражувањата генерално покажуваат дека бројот е ист. Во одликите за кои се одговорни овие гени, вие ќе изгледате повеќе како вашата мајка или вашиот татко. Сепак, како „втиснувањето“ влијае на релативно мал број на гени и како нивниот број е избалансиран во односот мајка-татко, тој феномен нема да одреди на кој родител ќе личите повеќе“, вели Ендру Вард, генетичар од Универзитетот Бат во Англија.

unsplash

Сепак, некои лабораториски истражуваа тврдат дека татковците имаат предност кога станува збор за наследувањето на изгледот на децата. Така, студија од 2008 година спроведена од американски научници покажала дека гените од мајките имаат 1,5 пати поголема веројатност да се „игнорираат“ од гените на татковците.

unsplash

Слични резултати добиле научниците од Универзитетот во Северна Каролина седум години подоцна, со тоа што гените на таткото биле „поактивни“ во мозокот, а гените на мајката во плацентата. Сепак, и двете студии дошле до овие откритија врз основа на експерименти врз животни, никогаш не биле извршени врз луѓе.

unsplash

Може да се случи некои гени, кои кај родителите биле „игнорирани“, да бидат активни кај децата. Може да се каже дека имаме генетска слика благодарение на нашите родигтели, но многу е комплицирано да се каже дека е слична на нивната генетска слика“, вели Едвард Чуонг, генетски биолог на Универзитетот во Колорадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот