Фото: Принтскрин / Јутјуб

Научниците шокирани! Решена мистеријата за окованиот скелет од 5 век, пронајден во крипта во Ерусалим

Недалеку од Ерусалим, археолозите открија скелет од петтиот век од нашата ера окован со тешки метални синџири. Гробот од византиската ера им приреди големо изненадување на научниците – лицето кое се подложувало на самоказнување е всушност жена, пишува „Лајв саенс“ (Live science).

Ископувањата во серија крипти на археолошкиот локалитет Кирбат ел Масани, на околу три километри северозападно од Стариот град Ерусалим, открија скелети на многу мажи, жени и деца. Еден од овие гробови содржел скелет на личност врзана во синџири. Сепак, археолозите тврдат дека синџирите не сокриле злонамерна намера. Напротив, тие биле средство за самоограничување на личноста, поради религиозен подвиг.

Кога христијанството станало доминантна религија на Римската империја во 380 н.е., тоа довело до појава на нови манастири и подвижништво, каде што монасите се откажувале од земните задоволства за духовни цели.

Првично, израелската управа за антиквитети, која ги надгледува ископувањата, изјави дека лицето закопано со синџирите е маж. Меѓутоа, во новата студија објавена во априлското издание на „Списание за археолошка наука: Извештаи“ (Journal of Archaeological Science: Reports), истражувачите кои ги испитувале коските на окованиот скелет за да потврдат дека станува збор за маж, се шокирале кога заклучиле дека станува збор за жена.

„Употребата на синџири од страна на машките подвижници е нашироко документирана“, изјави коавторот на студијата Елизабет Бореато, археолог од Институтот за наука Вајцман во Израел, но „многу ретко може да се најдат докази за жени кои користат синџири на ист начин“.

Според научниците, во моментот на смртта, лицето било на возраст од 30 до 60 години. Меѓутоа, бидејќи коските не биле добро сочувани, истражувачите анализирале пептиди – мали синџири на амино киселини – во забната глеѓ на личноста за да го одредат полот.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Тие открија присуство на AMELX, ген на Х-хромозомот кој придонесува за развој на глеѓта, но без AMELY, ген на Y хромозомот кој го кодира истиот. Ова значело дека личноста веројатно имала два Х-хромозома и била жена.

„Важно е да се забележи дека нашите резултати покажуваат само биолошка родова идентификација, а не родова преференција“, напишаа истражувачите во студијата.

Според Бореато, како што сведочат историските записи, жените биле склони кон екстремно подвижништво во споредба со машките подвижници, покорувајќи ги своите земни инстинкти на молитва, пост и медитација.

Според Бореато, синџирите биле една од најекстремните облици на аскетски практики и имале за цел да ги држат телото и духот под контрола.

„Со ограничувањето на нивните телесни движења, тие оставија простор нивните умови и срца целосно да му бидат посветени на Бога“, објаснува таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот