Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Научниците развија батерија што помага да се убијат туморите
Кинеските истражувачи развија имплантабилна и самонаполнета батерија што помага да се убијат клетките на туморот со регулирање на микросредината што го потпомага растот на туморот.
Препорачано
Студијата објавена во списанието „Саенс адвансес“ (Science Advances) ја опишува батеријата, која во комбинирана употреба со органското соединение тирапазамин, го намалила обемот на туморот за 90 отсто во просек во текот на две недели и елиминирала тумори кај четири од пет глувци, известува Кинеското меѓународно радио.
Тим од Универзитетот Фудан дизајнирал имплантабилна направа што може да формира циклус на празнење и самополнење за стабилно да го троши кислородот во туморите на глувците, со што се регулира содржината на кислород во туморот и нивото на пХ. Студијата покажа дека батеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија, изјави Џанг Фан, професор на Универзитетот Фудан и еден од авторите на студијата.
Покрај тоа, во текот на третманот не се пријавени абнормални промени во телесната тежина, ниту на кожата и главните органи на глувците. Професорот Сија Јонгјао истакнал дека работата претставува вкрстена студија помеѓу технологијата на батерии и биотерапијата, која не само што обезбедува нов метод за лекување на туморот, туку и поставува преседан за батериите во биомедицинската примена.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
42мин
-
2час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5