фото: EPA/BOGDAN CRISTEL

Настасе не е фан на Ѓоковиќ: Повредни се 14-те титули на Надал на „Ролан Гарос“

Поранешниот романски тенисер Илие Настасе (77) нема ништо против доминацијата на Новак Ѓоковиќ, но уште еднаш потврди дека не е голем фан на Србинот.

Во разговор за медиумите во својата земја, Настасе се обиде некако да го „намали“ големиот успех на Ѓоковиќ и освојување на рекордниот 23 грен слем трофеј, еден повеќе од Рафаел Надал.

Мислам дека тоа не е лична борба меѓу него и Надал. Не го гледам тоа. Тоа се случи, нели? Можеше да биде и обратно, ако Надал имаше 23 титули. И двајцата се тука, блиску еден до друг. На Ѓоковиќ тоа му е важно, но мислам дека Надал не е љубоморен на тоа – изјави Настасе за „Газета Спортуриол“ и додаде:

Некој друг треба да му љубомори на Надал. Тоа што 14 пати го освои „Ролан Гарос“. Тоа е повредно од 23-те грен слем титули на Ѓоковиќ. Да се победи 14 пати на „Ролан Гарос“ на земјена подлога? Мислам дека нема да се роди играч кој може да го направи тоа – се зборовите на Романецот.

Во својата кариера Настасе по еднаш ги освои „Ролан Гарос“ и „УС Опен,“ двапати беше финалист на „Вимблдон“, а на „Австралија опен“ доживеа елиминација во првото коло.

Пред три години Настасе го критикуваше Ѓоковиќ поради организирањето на „Адриа тур“ на Балканот во текот на пандемијата на коронавирусот, по што поголем дел од играчите кои учествуваа беа заразени.

– Новак многу добро знаеше каков ризик презема со организирање на ваков турнир. Мислеше дека сите се глупави и само тој е паметен и тоа се случи. Зошто на Ѓоковиќ му требаше овој турнир, нема ли доволно пари? Целиот турнир беше бесмислен – изјави тогаш Романецот.

ФОТО | Мбапе и Ибрахимовиќ се поклонија пред успехот на Ѓоковиќ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот