Насер Зибери кандидат на ДУИ за Албанец премиер (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Во одморалиштето Претор кај Преспа, ДУИ одржува промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 на кој лидерот Али Ахмети го претстави кандидатот за прв Албанец премиер.

Станува збор за Насер Зибери, искусен политичар кој зад себе веќе има три пратенички мандати, а веќе бил и министер за труд и социјална политика. Неговата политичка кариера главно се поврзува со партијата ПДП, а во моментов работи како нотар.

– Реков ‘да’, затоа што верувам во идејата за прв премиер Албанец. Како пратеник неуморно се залагав за заштита на правата на Албанците, а бев и член на преговарачкиот тим кој во името на Али Ахмети работеше на постигнување мир, кој беше крунисан со Охридскиот договор. Убеден сум дека оваа задача ќе ја исполнувам во името на сите граѓани, не само на Албанците туку и на другите заедници, без оглед на националноста, религијата, политичката припадност – изјави Зибери, кој потоа упати и порака до лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев и Христијан Мицкоски! Вие не можете да го негирате правото на Албанците да имаат премиер Албанец, вие не сте газди и сопственици на оваа земја – порача Зибери.

Publiée par Ali Ahmeti sur Mercredi 24 juin 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот