Наркобосот Шариќ ги уредувал медиумите од притворската ќелија , заслужните новинари, добивале скапи подароци

Фото: EPA

Новото обвинение против најголемиот наркобос на Балканот, Дарко Шариќ, како и доказниот материјал до кој БИРН има пристап, покажуваат како српските медиуми Блиц, Ало, Курир, Хепи, Пинк и останатите информативни портали добивале информации што осомничениот ги испраќал од притвор користејќи ја апликацијата Скај,

Осомничениот Шариќ во пораките им укажувач на овие медиуми како да ги сменат или пак уредат ударните наслови и но текстови. За возврат според БИРН послушните новинари добивале поединечни подароци како награда за нивното учество во дискредитирање на сведоците соработници во обвинението против Шариќ.

„Сега ќе и дадам мала кола, ветив дека нема да оди со автобус на работа…. Имам скоро ново Клио, и ќе му вградам плин, што е супер за движење низ градот“, се наведува во една од пораките на Скај, која Шариќ ја пишува најавувајќи дека ќе и подари автомобил на послушната новинарка за нејзината кооперативност.

Како што дознава БИРН, ова се само дел од пораките што ги размениле обвинетите членови на криминалната група на Дарко Шариќ користејќи шифрирани телефони со апликацијата Скај додека тој бил во притворската ќелија во зградата на Специјалниот суд во Белград, а се вклучени во новиот обвинението против Шариќ, кое беше поведено во октомври 2022 година и потврдено од судот во декември.

Со гореспоменатите пораки, Шариќ и неговите соработници се договараат како да го наградат новинарот кој добро ја завршил работата – рушејќи го кредибилитетот на Небојша Јоксовиќ, најважниот сведок на обвинителството во борбата против кланот Шариќ.

Фото: ЕПА

Ова не е единствениот автомобил што Шариќ им го ветил на новинарите – анализирајќи го новото обвинение, објавено на над 500 страници, како и речиси две илјади страници судски документи, БИРН дозна дека во барем уште еден случај се зборувало за подарување на автомобил на новинар, а се зборуваше и за подготовка на неименувани подароци за вработените во одредени редакции.

Во притворската ќелија, Шариќ преку апликацијата Скај редовно добивал информации за објавени текстови од неговите соработници и редовно ги коментирал. Честопати беше задоволен од тоа како пишуваат новинарите, но имаше и ситуации кога го нервираа насловите или изразите што ги користат новинарите. Потоа интервенирал и барал од своите соработници, новинарите со кои се во контакт, да направат промени. Преписката на Скај покажува дека медиумите без проблем ги правеле промените во склад со желбите на Шариќ.

Дарко Шариќ / Фото EPA/ANDREJ CUKIC

Медиумите кои се споменуваат во преписката на Скај се Блиц, Ало, Курир, Пинк, ТВ Хепи и уште неколку медиуми кои обвинителството до сега не успеало да ги идентификува. Во рамките на оваа постапка, засега обвинителството дополнително не истражило кои се новинарите и уредниците кои соработувале со кланот на Дарко Шариќ.

Досега обвинителството не извшрило анализа ниту за природата на таа соработка, односно дали трката за ексклузивност, подароците или нешто друго се мотивот за објавување на текстови кои ја попречуваат кривичната постапка против кланот Шариќ.

Користејќи го примерот на обидот да се дискредитира сведокот на соработникот Небојша Јоксовиќ, а врз основа на анализата на кореспонденцијата од Скај и други судски досиеја, БИРН илустрира како функционира повратната врска за протекување информации меѓу институциите, криминалците и медиумите.

Новинарите кои известуваат за криминал , често се во контакт со адвокати, па дури и со криминалци, за да дознаат информации и сето тоа е дел од работата“ за подобра и попрецизна сторија.

Дарко Шариќ / Фото EPA/ANDREJ CUKIC

Според Обвинителството за организиран криминал, Дарко Шариќ од 2020 година, од како што се наведува, од одмазда“ планирал да го убие главнот сведок во неговиот судски процес Небојша Јоксовиќ.

Јоксовиќ е најважниот сведок на обвинителството во борбата против кланот Шариќ, бидејќи тој беше единствениот кој директно го обвини Шариќ дека го водел бизнисот со дрога. Откако не успеале да го убијат Јоксовиќ, Шариќ издал наредба за дискредитација на Јоксовиќ за да го изгуби статусот на сведок соучесник, тврди обвинителството. Јавноста требаше да се увери дека Јоксовиќ му се заканува на Горан Николашевиќ, сведокот кој застана на страната на Дарко Шариќ.

На крајот беше поставена и бомба на хаубата на автомобилот на Горан Николашевиќ, а медиумите требаше да го означат Јоксовиќ како нарачателот на нападот – што беше невистина . Од преписката може да се заклучи дека адвокатот Лазаревиќ бил задолжен за намерно ширење лажни вести преку медиумите и правење медиумски притисок.

Иако имаа медиумски настапи кои беа корисни за кланот Шариќ, сведокот на одбраната Горан Николашевиќ и адвокатот Радомир Баќовиќ, според доказите на Обвинителството, не успеаа да го протуркаат овој наводен заговор.

Дарко Шариќ им се предаде на српските власти во 2014 година, откако беше обвинет за шверц на 5,7 тони кокаин од Јужна Америка во Западна Европа во текот на 2008 и 2009 година додека беше во бегство. По долго судење, Шариќ за тоа дело беше осуден на 14 години затвор.

Покрај тоа, во јули 2020 година, Шариќ беше осуден на девет години затвор за перење пари. Судот го обвини за „перење“ на најмалку 20 милиони евра добиени со шверц на кокаин со неговата група. Според одлуката на Апелацискиот суд во Белград, наредено е ново судење кое е во тек.

На крајот на 2021 година, судскиот совет му го откажа притворот на Дарко Шариќ и го стави во домашен притвор со електронски мониторинг. Повторно беше уапсен во средината на април 2022 година. Главниот доказ за новото обвинение е главно преписката преку апликацијата Скај за мобилни телефони.

Сепак, Шариќ, како и останатите обвинети, негираат дека некогаш ја имале апликацијата Скај и дека комуницирале преку неа. Судењето треба да започне до крајот на февруари.

Небојша Јоксовиќ е клучен сведок против Шариќ. Иако цело време беше под полициска заштита, Јоксовиќ речиси цела деценија е изложен на постојани напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот