
Како според фенг шуи да го наредите мебелот во домот за да имате повеќе пари?
Една од најчестите желби на луѓето е благосостојба, здравје, а не недостигаат желбите и за повеќе пари.
Препорачано
Фенг шуи може да ви помогне да ги остварите вашите желби. Еве неколку предлози како можете да влијаете на промените во сопствениот буџет со советите на оваа древна кинеска уметност.

Како фенг шуи кутијата привлекува пари?
Ставете кутија за изобилство под креветот каде што спиете. Квалитетот на кутијата е важен, бидејќи ќе резултира со поголема или помала енергетска вибрација. Се препорачува да се избере најквалитетната кутија, а што се однесува до материјалот, има многу опции – од дрво, злато и сребро до стакло и керамика. Треба да го оставите во кутијата она што ве прави вистински среќни.
Ако сакате изобилство и пари, ставете разни банкноти, златен накит во кутијата. Избегнувајте купишта сметки. Ако сакате љубов, ставете, на пример, миризливи свеќи, а содржината на кутијата треба да се освежува еднаш на секои три месеци.

Ногарките на мебелот нека бидат на тепих
Дневната соба е едно место во вашата куќа каде што сите седат заедно за да поминат квалитетно време. Затоа, мебелот во вашата дневна соба треба да биде распореден така што ја одразува лесната и јасна комуникација. Избегнувајте да ставате мебел до ѕидот и обидете се да ставите најмалку две од неговите предни ногарки на тепихот.

Додадете фенг шуи растенија
Ако ги сакате растенијата, постојат фенг шуи растенија кои можат да бидат најдобриот додаток во вашата потрага по финансиски успех.

Никогаш не правете хаос во куќата
Вишокот од сѐ што се натрупува во вашиот дом не е добро за јасен проток на енергија. Непотребни се несакани и неуредни работи, парчиња кои го задушуваат просторот. На секои неколку месеци правете ревизија, што користите, а што не, и од облека, обувки, ситен мебел. Колку помалку работи, толку подобро за проток на енергија и привлекување пари и добра енергија во вашиот живот.