Запуштен и напуштен објект на јужен булевар во центарот на Скопје / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески
Напуштениот објект на Јужен булевар и понатаму загадува: Ние чистиме, бездомниците го полнат со ѓубре, тврдат сопствениците
Анета Стојковска
Пред
Стариот и напуштен објект лоциран на Јужен булевар веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“, и понатаму е преполн со ѓубре, шут и остатоци од мебел, руиниран и без врати и прозорци, претставувајќи потенцијален извор на зараза. На сопственикот, АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, ни по пет месеци откако општинските инспекции со решение го задолжија да го исчисти имотот од отпад и соодветно да го заштити за да спречи загадување на животната средина, тоа не му тргна од рака.
Од Општина Центар дури се заканија дека доколку сопственикот не постапи според решението, тогаш ЈП „Комунална хигиена“ ќе биде задолжена да го исчисти отпадот, но трошокот ќе падне на сметка на сопственикот.
Од АДИССДП тврдат дека во изминатиот период неколкупати се обиделе да го исчистат објектот, кој како што претходно најавија треба да се урне и на негово место да се изгради нов, со што ќе биде отстранет хаосот што долг период владее на овој простор. Оттаму како доказ испратија и фотографии од акциите за чистење што досега ги спровеле.
Фото: АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката
Во изминатиот период службите на АДИССДП, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и со поддршка на Општина Центар, реализираа неколку акции на чистење на просторот околу објектот лоциран на Јужен булевар, како и во дел од неговата внатрешност. Беше собрано големо количество смет, кој понатаму стручните служби го дистрибуираа на соодветни локации. Во оваа пригода напоменуваме дека во објектот се вселени бездомни лица, меѓу кои и одредени несовесни поединци, кои по секоја акција исчистениот простор го затрупуваат со нови отпадоци, поради што на интервенција на нашето Друштво во неколку наврати беа повикани надлежни институции – објаснуваат од АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката.
Но и покрај спроведените акции за чистење, состојбата на терен не е променета. Објектот и околината околу него и понатаму се во ужасна состојба. Граѓани реагираат, бараат просторот под итно да се исчисти и потсетуваат дека во близина се наоѓа основно училиште што значи дека тука поминуваат ученици и дека местото за нив е небезбедно и опасно по здравјето. Тие се сомневаат дека наместо да се чисти, местото се остава како депонија сѐ додека не дојде објектот до фаза за уривање за да не се прави дополнителен трошок.
Катастрофа! Ужас! Колку време треба да се санира оваа депонија среде град? Инфекции и болести ќе фатиме! Ова е срам за сите нас, но изгледа надлежните не се срамат штом не преземаат мерки – реагира скопјанец.
Од Друштвото сопственик велат дека ги разбираат реакциите на граѓаните и ветуваат дека наскоро проблемот ќе се реши.
АДИССДП има разбирање за забелешките на граѓаните што живеат во непосредна близина на овој објект, па оттаму посочуваме дека е во завршна фаза јавната набавка за избор на изведувач за изградба на станбена зграда на овој простор. Веднаш по изборот, избраниот изведувач ќе пристапи кон расчистување и оградување на парцелата, што во случајов подразбира и уривање на руинираниот објект – посочуваат од Друштвото.
Фото: АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Замислете да одите на работа во облаците, вашите работни обврски да ги извршувате на небото и првото утринско кафе да го пиете гледајќи во изгрејсонцето од најубавиот агол. Токму оваа рутина ја има Горан Најдоски, кој пет години работи како стјуард во авиокомпанијата „Визер“, а воедно е и нејзин бренд амбасадор за Македонија. Со него …
Замислете да одите на работа во облаците, вашите работни обврски да ги извршувате на небото и првото утринско кафе да го пиете гледајќи во изгрејсонцето од најубавиот агол. Токму оваа рутина ја има Горан Најдоски, кој пет години работи како стјуард во авиокомпанијата „Визер“, а воедно е и нејзин бренд амбасадор за Македонија. Со него …