Џихад ал-Шами (35)

Напаѓачот на синагогата во Манчестер се колнел на верност на Исламска држава

Британската полиција денес соопшти дека терористот одговорен за нападот врз синагогата во Манчестер ја повикал полицијата за време на операцијата и се заколнал на верност кон таканаречената Исламска држава.

„Можеме да потврдиме дека, во почетните фази од нападот пред синагогата на Еврејската конгрегација во Хитон Парк, напаѓачот се јавил во полицијата тврдејќи дека се заколнува на верност кон таканаречената Исламска држава“, изјави портпарол на единицата за борба против тероризмот на полицијата, пренесува Скај њуз.

Тој рече дека полицијата продолжува да ги истражува сите околности и мотиви на нападот. Џихад ал-Шами (35) го извршил нападот минатиот четврток додека се обидувал да влезе во синагогата на Еврејската конгрегација во Хитон Парк, во Крамсал.

Две лица беа убиени во нападот

Се верува дека Адриан Долби (53) бил убиен од полицијата додека се обидувал да го спречи ал-Шами да влезе во синагогата, пренесува Танјуг.

Напаѓачот го убил Мелвин Кравиц (66) од Крампсал, верник кој се обидел да го спречи да влезе во просториите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот