Фото: скриншот

Напаѓачот го удрил кандидатот за советник со камен и му го скршил черепот – детали од крвавиот напад во Виница

Напаѓачот од Виница, кој минатата недела крвнички го претепа Имит Скопко, кандидат за советник на претстојните избори од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одговара за нанесување тешка телесна повреда, соопшти Јавното обвинителство, кое објави детали од крвавиот напад.

„Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг-простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот. Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења. Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на главата, поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност“, пишува во соопштението од ОЈО.

По инцидентот, на улиците на Виница се собраа голем број роднини и пријатели на повредениот кандидат за советник Имит Скопко, кои се закануваа дека „ќе ја запалат Виница“ доколку тој им подлегне на повредите. Тогаш во градот беа распоредени полициски специјалци.

Обвинителството бара на осомничениот да му се одреди притвор од 30 дена.

ВИДЕО: Големи тензии во Виница откако е претепан кандидат за советник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот