јадење
Фото: Unsplash

Намирница која им помага на пушачите, но и на срцето и крвните садови

Исклучително корисна и често занемарена намирница, иако е богата со витамини и минерали кои се неопходни за здравјето на срцето, крвните садови и за нервниот систем. Особено се препорачува за пушачи, бидејќи помага да се намалат штетните ефекти од пушењето.

Варени домати – уште помоќен здравствен сојузник

Истражувањата покажуваат дека готвењето домати ја зголемува концентрацијата на ликопен – моќен антиоксидант кој помага во борбата против слободните радикали и оксидативниот стрес. Ликопенот е поврзан со помал ризик од срцеви заболувања.

Здравје на кожата и циркулацијата

Доматите се богати со витамин Ц, кој придонесува за здрава и блескава кожа. Содржат и витамин А, железо, калиум и витамин К, кои се неопходни за:

– нормално функционирање на нервниот систем
– правилно згрутчување на крвта
– здрава циркулација

Им помага на пушачите

Благодарение на присуството на кумарин и хлорогена киселина, доматите имаат потенцијал да ги ублажат штетните ефекти од пушењето врз организмот.

Редовното консумирање може да придонесе за заштита на крвните садови и намалување на воспалителните процеси.

Идеални за слабеење

Благодарение на ниската калорична вредност и високата содржина на влакна, доматите се одличен избор за оние кои сакаат да изгубат вишок килограми.

Доматите придонесуваат за подолго чувство на ситост и можат да помогне во намалувањето на внесот на калории.

Овошје или зеленчук?

Иако најчесто се користи како зеленчук во готвењето, доматите технички се овошје. Меѓутоа, во секојдневната практика неговата класификација зависи од неговата употреба во рецептите.

Без разлика дали се консумираат свежи или варени, доматите се едноставна, достапна и моќна храна која нуди широк спектар на здравствени придобивки – особено за оние кои се изложени на штетни влијанија како тутунот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот