Наместо за кафани и патувања, 700 000 денари ќе се поделат на семејства од социјален ризик во Центар

Горан Герасимовски

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски средствата за репрезентација, угостителски услуги и патувања во странство, кои беа предвидени во годинешниот буџет, а останаа непотрошени, ги пренасочува како еднократна парична помош за семејствата од социјален ризик. Како што информираат од Општината, станува збор за средства во висина од околу 700 000 денари.

Општина Центар има градоначалник кој целата измината година не трошеше за репрезентативни трошоци, ниту на оние непопуларни трошоци за кафеана, патувања во странство, но и службен автомобил затоа што јас сум вљубеник на велосипедот и секојдневно го користам како превозно средство. Овие мои практики донесоа заштеда во општинскиот буџет од околу 700.000 денари. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници средствата ги прераспределуваме како финансиска помош за социјално загрозените семејства од нашата општина. Секој граѓанин заслужува достоинствено пречекување на празниците и ние обезбедуваме подобри услови за да го овозможиме тоа – вели Герасимовски.

Покрај оваа заштеда во изминатава година во Општина Центар, како што посочува градоначалникот, беа реализирани бројни настани и проекти, започнати и капитални инвестиции со кои се подобруваат условите за живот на граѓаните и се зголемуваат можностите за социјален и економски развој.

Со сите овие проекти кои ги започнавме изминатава година докажавме дека нашиот единствен фокус се граѓаните и нивните интереси и потреби. Непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии не се наша одлика и немаат никаков директен бенефит за сите нас. Затоа, ставаме крај на недомаќинското работење и ги отстрануваме непотребните трошоци – смета Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот