Фото: Профимедиа

Намаз од леблебија, лук и маслиново масло: Совршена комбинација со топол леб

Леблебијата е чудотворна мешунка која е богата со протеини, влакна и витамини и дефинитивно треба што почесто да ја вклучувате во вашето мени. Таа е една од главните состојки на сѐ попопуларниот намаз од хумус, кој од арапската кујна се прошири речиси во целиот свет.

Хумусот по овој рецепт се прави многу брзо, бидејќи се користи конзервирана леблебија, која не мора да ја натопите преку ноќ, туку е подготвена за употреба веднаш.

Состојки за 4 лица:

– 240 грама конзервиран наут
– 1 чешне лук
– 2-3 лажици сок од лимон
– 50 мл маслиново масло
– ½ лажичка мелен црн пипер
– морска сол
– 1 лажичка паста од тахини (паста од сусам)
– Наместо паста, може да додадете мелен препечен сусам

Подготовка:

Леблебијата исцедете ја, исплакнете ја и ставете ја во сад. Додајте мелен лук, свежо исцеден сок од лимон, маслиново масло, црн пипер, сол по потреба и тахини.

Сè добро иситнете со миксер (или во електричен сечко) за да добиете намаз.

Додајте маслиново масло по потреба за намазот да стане кремаст.

Послужете на тост леб и посипете со сусам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот