Највисокиот американски дипломат под притисок го смени јазикот кон израелската влада

Ентони Блинкен/ Фото EPA-EFE/JUSTIN LANE

Откако државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Антони Блинкен, во петокот изрази жалење за бројот на загинати цивили во Газа, тоа направи суптилна, но забележителна промена на американскиот јазик кон израелската влада, пишува Си-ен-ен. 

 

Со недели, администрацијата на Бајден силно ја поддржува воената офанзива на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по бруталниот напад на Хамас на 7 октомври, но зголемениот број на жртви во опколената енклава, огромните пропалестински протести ширум светот и зголемената тензија во Белата куќа, стави значително оптоварување на ставот на САД.

„Премногу Палестинци се убиени. Премногу страдаа изминативе недели“, рече највисокиот американски дипломат во Њу Делхи. Сакаме да направиме се што е можно за да спречиме штета за нив и да ја максимизираме помошта што им доаѓа. За таа цел, ќе продолжиме да разговараме со Израел за конкретните чекори што треба да се преземат за унапредување на овие цели“, додаде Блинкен.

Претставниците на администрацијата тврдат дека имале успех во некои области додека работеле на ублажување на хуманитарната криза во Газа. Белата куќа во четвртокот соопшти дека Израел се согласил да продолжи со дневните четиричасовни паузи на воените операции во областите на северот на Газа.

Бројот на Палестинци убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври надмина 11.000, според палестинското Министерство за здравство во Рамала, потпирајќи се од извори на територијата која е под контрола на Хамас.

Нетанјаху во четвртокот инсистираше на тоа дека нема да има „прекин на огнот“ без ослободување на заложниците што ги држеше Хамас. Во меѓувреме, големите светски градови – вклучувајќи ги Лондон, Истанбул, Њујорк, Багдад и Рим – ги видоа нивните центри исполнети со пропалестински демонстранти кои повикуваат на прекин на огнот, а планирани се уште протести овој викенд.

Загриженоста за проширувањето на конфликтот и потенцијалот за понатамошни дипломатски последици во странство остануваат и во САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот