Фото: Pickpik

Најважниот совет за совршен гулаш: Клучот е во една работа

За да има вашиот гулаш совршен вкус, клучно е да ги изберете вистинските делови од месото.

Гулашот е познат унгарски специјалитет, кој стана популарен низ целиот свет. Кај нас е, без сомнение, едно од нашите омилени јадења, кое го подготвувале и нашите баби.

Гулашот главно се подготвува од говедско месо што долго се динста, со многу кромид, а од зачини – пиперка, што е неизоставен дел од рецептот.

Фото: DevianAr

Со цел вашиот гулаш да има совршен вкус, треба да ги изберете вистинските делови од говедско месо. Бутот спаѓа во еден од подобрите избори, бидејќи овој дел од месото е цврст и тврд, па е погоден за долго динстање. Исто така, говедскиот стек е одличен избор поради неговата поголема цврстина, но и средната содржина маснотии.

Говедскиот стек е еден од најпопуларните избори за гулаш, бидејќи овој дел од месото содржи повеќе колаген, па ќе остане помек и посочен и по долго готвење.

Фото: Pixabay

Клучот е во изборот на делови од месото што се поцврсти, односно содржат висока содржина колаген. Колагените, како и другите протеини во нив, во текот на долгото динстање се разградуваат и се претвораат во желатин, што го прави месото помеко и сочно, а со тоа и гулашот има подобар вкус!

Препорачливо е месото да се избрише со крпа пред да се посоли и побибери. Никако не го скратувајте времето на крчкање на тивок оган, треба да трае најмалку 2 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот