youtube/printscreen
youtube/printscreen

ВИДЕО | Најгенијалното нешто што ќе го видите денеска: Математика преку „магијата“ на Хари Потер

Иако математиката за многумина е ноќна мора, ако во образовниот систем се додаде малку креативност, формулите, равенките и комплицираните математички задачи можат да станат многу интересни.

Токму тоа му успеало на Стефан Спалевиќ, соработник во наставата на Електротехничкиот факултет на предметот Математика 1, кој стана вирален хит на социјалните мрежи, кога едно негово предавање им се допаднало на корисниците на Јутјуб, Твитер и Фејсбук.

Дури и оние кои не ја сакале математиката во училиште воодушевено го гледале клипот Пуштам лимес, како и другите клипови каде што Стефан ги објаснува метематиките лекции преку „магијата“ на Хари Питер. Погледнете ги клиповите, можеби и вие ќе ја засакате математиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот