Данската кралица Маргарета/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Најдолговечниот европски монарх: Данската кралица мора да оди на операција на ‘рбетот

Данската кралица Маргарет Втора (82), која минатата година ја прослави педесетгодишнината од стапувањето на тронот, ќе биде подложена на операција на ‘рбетот, по што ја чека долго закрепнување.

Фото: Wikimedia Commons

Зафатот е закажан за 22 февруари во Ригшоспиталет, главната болница во Копенхаген, каде што кралицата и ќе се опоравува. Се очекува дека ќе биде потребен долг период на рехабилитација. Тоа значи дека некои официјални ангажмани ќе бидат откажани, одложени или ќе ги извршуваат други членови на кралското семејство.

Кралицата Маргарет Втора веќе извесно време страда од болки во грбот, кои неодамна се влошија. Минатата недела таа го откажала планираниот одмор во Норвешка.

Фото: Flickr

Кралицата Маргарет, позната по својот уметнички талент, страсно пушење и сива пунџа, е првата жена на данскиот трон. Таа е вториот најдолговечен монарх во данската историја, а по смртта на Елизабета Втора, нејзината далечна роднина, таа сега е и најдолговечниот европски монарх.

Фото: Flickr

„Ќе останам на тронот додека не паднам од него“, се пошегувала таа во една прилика.

Четирите внуци на кралицата Маргарет ќе ги загубат титулите како принцови и принцези

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот