Фото: blickwinkel / Alamy / Alamy / Profimedia

Најдобрите грицки за слабеење по 40-тата година од животот, според нутриционистка

Правилно избраните грицки можат да играат голема улога во слабеењето, особено за луѓето постари од 40 години, тврди диететичарката и нутриционистка Џулија Фаре.

Како што истакнува таа, важно е да се изберат меѓуоброци кои помагаат во одржувањето на стабилните нивоа на енергија и спречуваат прејадување во текот на денот.

„Грицките се особено корисни за намалување на масните наслаги на стомакот откако ќе наполните 40 години. Тие помагаат да се контролира апетитот пред вечерата, го одржуваат стабилно нивото на шеќерот во крвта и помагаат да се зачува мускулната маса“, објаснува Фаре.

Кои се најдобрите грицки за јадење?

Експертката препорачува храна богата со протеини, влакна и антиоксиданти. Таа вели дека природниот јогурт со црвено овошје и чија семе е една од најдобрите опции, како и хумусот послужен со свежи моркови, краставици и црвени пиперки.

Добри меѓуоброци всушност се и помали порции јаткасти плодови, овошје, интегрален тост со авокадо и домати, како и лесен омлет со спанаќ или зелена салата.

Исхрана за благосостојба на телото и умот

Слично мислење дели и гешталт терапевтот и психолог Дмитриј Степанов. Во претходно интервју за „Газета.Ру“, тој истакнал дека дури и малите промени во исхраната можат да го подобрат нивото на енергија и емоционалната рамнотежа. Тој препорачал редовно вклучување на разни видови јаткасти плодови во исхраната, бидејќи тие придонесуваат и за физичката и за психичката благосостојба.

Исто така, интересно е и претходното истражување кое покажа дека честото грицкање кај децата може да го забави нивниот раст. Иако навиките се разликуваат меѓу возрасните групи, важно е да се развијат здрави навики за меѓуоброци и да се избираат намирници кои се богати со хранливи материи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот