Фото: Профимедиа

Најдобрите готвачи на светот во пржените лепчиња секогаш ја додаваат оваа евтина тајна состојка: Ќе бидат совршено сочни, а сепак крцкави 

Пржените лепчиња секогаш се добредојден гостин на трпезите во Македонија, а овој едноставен и евтин специјалитет е навистина скапоцен – се подготвува брзо и може да се јаде на десетина начини.

Совршените пржени лепчиња се крцкави на краевите, а нежни и меки во средината, не треба да бидат премногу мрсни, но ниту суви, а исто така не треба да бидат прегорени или недоволно испржени… Но, сосема сигурно е дека никогаш не сте успеале да добиете токму такви – без ниту еден од горенаведените киксови.

А, се работи само за внимателна подготовка, трпение и трикови на искусните мајстори, кои ви ги донесуваме сега. Значи, ако вашите пржени лепчиња се тегават, загореле се или пак, се „живи“, еве каде грешите и како тоа да го поправите.

Лебот го сечете премногу тенко

Ако парчињата се премногу тенки, лебот лесно може да се распадне, бидејќи смесата од јајца е „тешка“. Парчињата леб треба да бидат дебели околу сантиметар ипол.

Користите свеж леб

Секогаш е подобро да користите леб кој отстојал барем еден ден.

Ги пржите на путер

Путерот гори на високи температури, па затоа е далеку подобро да користите растително масло.

Не користите млеко

Иако тоа не е вообичаена практика кај нас, сепак пржените лепчиња многу се повкусни кога во смесата со јајца се додава и млеко, и тоа полномасно! Меѓутоа, оние коишто се интолерантни на лактоза, слободно може да го избегнат додавањето на лактоза во пржените лепчиња.

Ставате премногу јајца

Некоја оптимална формула за подготовка на смесата од јајца е дека за две парчиња леб треба да се искористи четвртина шолја млеко и едно јајце.

Заборавате зачини

Прстофат ким, бибер или малку пармезан во смесата ќе ги направи обичните пржени лепчиња „ремек дело“, а доколку сакате слатка варијанта тоа нека биде цимет, ванила или шеќер во прав.

Нетрпеливи сте

Маслото мора да биде врело за лепчињата да не впиваат премногу маснотии. Пржете ги на средно силен оган по неколку минути од секоја страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот