Холестерол / Фото: Flickr

Најдобaр чистaч на крвта: Храна која го „топи“ холестеролот

Консумирањето на само 100 грама печурки на ден за само една недела го намалува холестеролот за 12 отсто, покажа научно истражување.

Во исто време, групата испитаници кои во истиот период јаделе околу 60 грама путер на ден го зголемила холестеролот за дури 14 отсто. Контролната група која консумирала иста количина путер во комбинација со 100 грама печурки го намалила холестеролот за четири отсто.

Врз основа на овие резултати е откриено дека печурките се совршен прочистувач на крвта.

Нутриционистите ги нарекуваат „шумско месо“, бидејќи покрај пријатниот вкус и арома, поседуваат исклучителна биолошка вредност. Тие имаат речиси ист квалитет како животинското месо, содржат колку што е 91 отсто од водата и голем број на минерални состојки, особено калиум, а малку помалку калциум, фосфор, железо и магнезиум. Покрај тоа, богати се со растителни влакна, и содржат витамини Б2, Д и Ц.

Сепак, биолошки се посебно вредни поради белковините, а особено поради важните аминокиселини. Интересно е дека свежите печурки поседуваат два отсто белковини, а исушени 22 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!