Најчестото женско име во светот било забрането во 15 век: Денес ова име е неретко и кај нас!

Во различни варијанти распространети низ светот, името Марија е едно од најчестите имиња со кои се именуваат новоредените женски деца.

Името Марија, како симбол на чистота и длабока љубов се поврзува со Исусовата мајка. Во изворниот хебрејски јазик името гласи „Мирјам“, а нашиот облик е Марија, по латинското Maria. Самото значење не е сигурно разјаснето, но според толкувањата, изведено е од египетското „mry“ или „сакана од Бога“.

Според старите толкувања, настанато е од хебрејското „мир“ (што значело горчливо) и „јам“ (што значи море) и целосното значење би било „Горчливо море“. Според Еусеби, ова значење било потоа променето и поврзано со капката море, т.е изведено од хебрејското „мар“ (капка) и „јам“ (море).

Поради големата почит кон Богородица, во католичките земји до 15тиот век, името Марија било забрането да се користи како крстено име. Во добата на реформацијата, католиците можеле да го користат тоа име како симбол и доживеало просперитет.

Името Марија е застапено во сите земји во Европа, Северна и Јужна Америка, но и во делови од Азија. Во Шпанија и латинскиот дел од Америка има богат репертоар на женски имиња, инспирирани од култот на Дева Марија и постои цел регистер „маријански имиња“.

Во Македонија, името Марија во Државниот завод за статистика на имиња се појавува дури 20.959 пати!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот