
Најбезобразниот пар на Инстаграм! (ФОТО)
Ги знаете ли оние парови кои патуваат заедно, покажуваат совршено обликувани тела и „оние фотки“ на кои се држат за раце? Овие двајца ќе ги мразите уште повеќе!
Препорачано
Маж и жена во своите дваесети, бараат да им го платите патот до Африка!
Каталин Онк и неговата сопруга Елена Енглехарт живеат во куќата на неговата мајка, која за да ги финансира нивните патувања работи на две работни места, а тие штотуку ја покренаа GoFoundMe страницата за да соберат пари за патување во Африка.
А фактот дека тие би можеле да се вработат и сами да заработат пари не доаѓа во предвид!
Каталин и Елена на нивната страница бараат пари за да можат со точаци да патуваат од Германија до Африка.
„Некои од вас ќе ни кажат да се вработиме, но ние немаме искуство. Ќе ни кажете да работиме било што и да престанеме да просиме, но кога имате влијание на туѓите животи како ние, работата не е опција. Би можеле да станеме манекени и брзо да заработиме пари, но ние не сакаме да рекламираме конзумеризам. Парите за пат ни се потребни за да ја подигнеме свеста за менталното здравје“, пишува на GoFoundMe страницата за собирање на пари.
Не, не беше потребно многу време за луѓето да ги нападнат…
„Какво е менталното здравје на твојата мајка која работи на две работни места поради тебе“, гласи една од попристојните пораки кои ги примија…