Над 900 возачи санкционирани за брзо возење

Фото: Слободен печат

Вкупно 921 возачи се казнети при денешната акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, како што информира МВР, 37 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 461 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 460 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот