генерал-мајор Бајрам Бегај
Генерал-мајор Бајрам Бегај, ГШ на Албанската армија/Фото: МИА

Началникот на ГШ на Вооружените сили на Албанија во посета на ГШ на АРМ и Министерство за одбрана

 Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Албанија, генерал-мајор Бајрам Бегај, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, денеска ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

Како што информираат од прес-службата на Генералштабот на Армијата, тема на официјалните разговори, покрај билатералната соработка, ќе бидат и активностите во процесот на трансформација на Армијата, учеството во мировните операции и ангажманот во се уште актуелната мигрантска криза, како и капацитетите и можностите за изведување на вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак”.

По церемонијата за пречек со воени почести, генералот Бегај ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Началникот на ГШ на ВС на Албанија, се посочува во соопштението, во текот на денот ќе биде примен и од претседателот на државата и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски.

Во текот на посетата, високата воена делегација ќе има можност да се запознае со дел од активностите на единиците од составот на Командата за операции во касарните „Илинден” во Скопје и „Кузман Јосифовски Питу” во Тетово.

По завршување на активностите во Генералштабот и Министерството за одбрана, со соопштение до медиумите ќе се проследат фотографии и видео инсерти од активностите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот