
Набилданиот заводник од теленовелите кој го обожаваа и Македонките позираше целосно гол! (ФОТО)
Аргентинскиот заводник Себастиан Рули, кој Македонките го помнат од теленовелата Руби, ги изненади своите обожавателки со низа фотки на кои на плажа позира без ниту едно парче облека на себе.
Препорачано
Своите следбеници најпрвин ги зафркаваше сокривајќи ги „главните“ делови со рацете и тврдеше дека ќе ги тргне дланките доколку добие милион лајкови.
Откако доби речиси милион лајкови, на наредната фотка навистина ги подигна рацете, но фотографот му ги покрил гениталиите од кадарот со парче ѓубре.
„Ги тргнав дланките, но доколку не гледате повеќе, тоа е поради ѓубрето. Се надевам дека оваа фотографија ќе дојде до милион луѓе кои ќе сфатат дека навистина е штета да се продолжи со таложењето на ѓубре на плажите и да се расипуваат многу работи, вклучувајќи ја и оваа фотка. Да нема толку ѓубре, оваа плажа би била рај. Овој свет би бил поинакво место. Штета што сме неодговорни како општество и секогаш наоѓаме вина во другите. Не фрлајте ѓубре, не користете толку пластика. Да ги исчистиме плажите, да го собереме она што можеме. Се надевам дека ова лудило ќе помогне да се подигне свеста за тоа колку е важно да ја чуваме нашата околина, нашата планета. Ви благодарам на лајковите и коментрите, но ќе бидам уште поблагодарен доколку ја ширите оваа порака“, напиша актерот покрај фотката.