Фото: ЈП „Улици и патишта“

На улица Цветан Димов се уредуваат жардињерите околу дрвјата и се санираат оштетувањата во асфалтот

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во рамките на големата пролетна работна акција во општината Чаир работат на санирање на жардињерите околу дрвјата на улицата Цветан Димов и санација на ударните дупки со предходно машинско гребење и асфалтирање.

– Екипите со акцијата покрај улицата Цветан Димов ја санирале и улицата Џон Кенеди во вкупна површина од 15м2. Одговорните лица за одржување на светлосната сигнализација работеа на санација на недостатоците на семафорите и тоа на следните крстосници: улица Џон Кенеди со улица Лазар Трповски, крстосница улица Петар Ичко со улица Лазар Трповски и крстосница улица Христијан Тодоровски Карпош со улица Ферид Бајрам. На сите три крстосници беа оштетени сенилата на семафорите и заменети со нови – информираат од ЈП „Улици и патишта“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот