Островот Свети Андрија/Фото: Принтскрин/Фејсбук/Инфо Истра

На сопствена одговорност: Забранетиот остров во Јадранското Море конечно отворен за посетители, но со претпазливост

Во средината на Пулскиот залив и на помалку од два километри воздушна линија од Арената, се наоѓа малиот остров Свети Андрија – единствениот вистински остров во заливот кој не е поврзан со копното ниту со мост ниту со насип.

По речиси две години забрана за пристап, Свети Андрија е повторно отворен за јавноста. Имено, забраната беше воведена во 2023 година првенствено од безбедносни причини, бидејќи бродоградилиштето Уљаник со децении го користеше источниот брег на островот како магацин, пишува „Пункуфер“.

Бродоградилиштето сега ги отстрани тешките делови од бродовите и бетонските блокови, а комуналното претпријатие Пула започна со чистење на островот, отстранување на жбуновите и пробивање на патиштата, бидејќи островот бил целосно обраснат. Иако сега може да се посети, Градот Пула предупредува дека сите заинтересирани го прават тоа на сопствена одговорност. Освен што теренот е непристапен и обраснат со трње, на места е и многу нестабилен, полн со дупки и скриени бунари, па затоа тетанусот и извитканите зглобови сигурно уште некое време ќе останат негови главни „сувенири“ за невнимателните туристи.

Чистењето и расчистувањето е само првиот дел од островското уредување. Во блиска иднина сигурно нема да има никаква содржина што бара инфраструктура, бидејќи секако нема на островот, но добро средените патеки без опасност од повреди, кои водат до бисерите на тврдинската архитектура, несомнено ќе привлечат љубители на историјата и малку поинакви прошетки.

Како што истакнал заменик-градоначалникот на Пула, Синиша Гордиќ, сè уште има многу работа што треба да се направи за престојот на островот да биде целосно безбеден, пишува српски „Блиц“.

– Секој што сака да го посети островот може да го стори тоа, но на сопствена одговорност. Таму се наоѓаат едни од најинтересните австроунгарски тврдини во Пула – рекол Гордиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот