На ред дојде улицата Ленинова, утре започнува нејзината реконструкција

Општина Центар утре ќе започне со реконструкцијата на улицата Ленинова, на потегот од раскрсницата со булеварот Партизански одреди до улицата„Митролополит Теодосиј Гологанов. На улицата ќе се постави нов горен и долен слој на асфалт, целосно ќе се замени водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, а по целата должина на улицата паркирањето ќе биде дозволено само за жителите.

Во првата фаза на рекоснтрукцијата ќе се изведуваат градежни активности на потегот од раскрсницата со улицата Киро Крстевски Платник, до раскрсницата со Митрополит Теодосиј Гологанов. Крстосницата со улицата Киро Крстевски Платник ќе биде делумно затворена, со што возилата ќе може да се движат според поставената времена сообраќајна сигнализација информираат од Центар.

Во делот што ќе се реконструира во првата фаза наизменично ќе бидат затворени лентите за движење на коловозот и сообраќајот ќе се одвива според поставената сообраќајна сигнализација и опрема. Од Општината тврдат дека градежните активности нема да пречат во тековното одвивање на сообраќајот.

 Со оваа реконструкција им излегуваме во пресрет на граѓаните, кои со години бараа општината да го реконструира овој дел од улицата Ленинова. На крајот, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Воведувањето на резидентен паркинг на овој потег на жителите значително ќе им ги олесни секојдневието и ќе придонесе кон намалување на сообраќајниот хаос кој се создава во овој дел, особено во попладневните часови – вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот