
На полноќ завршува јавниот увид во избирачкиот список за Локалните избори 2025
На полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Граѓаните до денеска имаат можност да ги проверат своите податоци во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), на веб-страницата sec.mk или преку електронска пошта.
Препорачано
Заклучно со 9 септември, увид извршиле вкупно 5729 граѓани, од кои 3397 мажи и 2332 жени. Осум лица поднеле барање за запишување во Избирачкиот список, 136 за бришење, а 59 за промена на податоците, најчесто поради промена на адреса или презиме.
Следниот рок е 13 септември на полноќ, до кога општинските изборни комисии треба да ги примат кандидатските листи за градоначалници и советници. ДИК најдоцна до 26 септември ќе го заклучи Избирачкиот список, а на 3 октомври ќе ги потпише конечните изводи на кои ќе се гласа.
Изборната кампања за Локалните избори започнува на 29 септември, а гласањето ќе се одржи на 19 октомври, на 3480 избирачки места низ 80 општини и Градот Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
10мин
-
21мин
-
23мин
-
29мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5