Оскари
Златната статуа Оскар / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

На Оскарите ќе се бара доказ за вакцинација против ковид-19 и два негативни ПЦР-теста

Американската Академија за филмски уметности и науки ќе бара од учесниците на 94-тото доделување на Оскарите да покажат докази за вакцинација против коронавирусот и најмалку два негативни ПЦР-теста, објави „Њујорк тајмс“.

Изведувачите и водителките ќе мора да поминат строги тестирања, но нема да мора да покажат доказ за вакцинација, наведува портпаролката на Академијата.

Доделувањето на престижните награди ќе се одржи на 27 март, а номинираните и нивната придружба ќе бидат сместени во делот за оркестар и партерот на театарот „Долби“, па нема да мора да носат маски.

Оние кои ќе седнат на мезанинот најверојатно ќе мора да носат маски, бидејќи ќе бидат сместени многу блиску еден до друг.

Во „Долби“ ќе бидат поканети 2,500 луѓе.

Актерките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе бидат водители на овогодинешното доделување на Оскарите, што ќе биде првпат три жени да ја водат оваа престижна манифестација.

Објавени номинациите за Оскари 2022: Филмот „The Power of the Dog“ со 12 номинации

Објавени номинациите за Оскари 2022: Филмот „The Power of the Dog“ со 12 номинации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот