На министерката Шукова приоритет ќе ѝ биде да го реши отпадот со изградба на централни депонии

За новата министерка за животна средина, Каја Шукова приоритет во мандатот ќе ѝ биде да го реши проблемот со управување со отпадот во Македонија, најави самата на денешниот брифинг со медиумите. Решението е, како што вели, во изградбата на централните депонии, при што за два плански региони ќе се гради по една централна депонија според европските стандарди, затоа што констатирале дека изградбата на по една регионална депонија во секој плански регион е економски неисплатливо.

За изградбата на депониите Министерството за животна средина обезбедило кредит од Европската банка за обнова и развој во висона од 55 милиони евра, со дополнителен грант од швајцарската влада 9 милиони швајцарски франци. Министерката Шукова информираше и дека половна од овие 55 милиони евра државата не мора да ги врати, затоа што ресорот обезбедил инвестициски грант од ЕУ во износ од 22,5 милиони евра од средствата на ЕУ кои се наменети за помош на државите кога земаат заеми, односно за враќање на дел од тие заеми.

– Планските региони Југозапад и Пелагонија ќе имаат една ценртална депонија што че се изгради во Новаци, регионите Југоисток и Вардар ќе имаат една централна депонија во Василево, а петтиот регион што е опфатен со овој заем е Полог, за каде се уштре немаме одбрано локација. Во тој регион времено ќе продолжи да функционира депонијата во Русино. Таму е во почетна фаза стабилизација на депонијата и со овој заем ќе ја направиме Русино стандардна депонија која ќе се користи уште пет депонии, а за тоа време паралелно ќе бараме нова локација за централната депонија за Полог. За регионите Исток и Североисток локацијата за централна депонија ќе биде Свети Николе и нема да се менува – информираше министекаата Шукова.

„Слободен печат“ ја праша министерката што ќе се случува со актуелните општински комунални депонии, кои уште одамна се предвидени да бидат затворени, а некои од нив се категопризирани во многу опасни и мора итно да се затворат, затоа што силно ги загадуваат подземните води, воздухот, влијаат на климата, а во лето редовно се палат и ги трујат граѓаните со токсични гасови. Таа е категорична дека тоа ќе се случува во подоцнежните фази, а приоритет е прво да се изгради инфраструктурата за идните централни депонии.

– За регионите Исток и Североисток, каде имаме активен процес за депониите со  претпристапните ЕУ-фондови, конкретно програмата ИПА, во еден сегмент на  проектот е и затварањето на локалните депонии во тие региони. Направен е еден процес на постепено затворање. Кога ќе се затвори локалната депонија во една општина, отпадот времено ќе продолжи да се носи со соседната депонија и така по ред, додека не се изгради централната депонија. Локалните депонии ќе се затвираат постепено. Кога зборувавме со банката за заемот видовме дека  финансиското портфолио за решавање на отпадот е многу големо, потребни се многу пари за да се реши сè. Законот за управување со отпад е донесен во 2004 година, поминато е долго време и затоа решивме прво да ја поставиме основната инфаструктурата, односно да ги изградиме претповарните станици и самите централни депонии. Како што ќе се одвива реализацијата на овој заем, паралелно да работиме на нови транша од парите, за втората фаза за механичко биолошкиот третман, кој не е опфатен со првите две транши на заемот и со затворањето на депониите во овие региони. Требаат многу пари и многу време. А за да спроведете ваков заем треба да работиме со општините во пет региони, потребна е и координација – вели Шукова.

Таа најави и дека Министерството ќе настапи посистемски кога е во прашање отпадот и паралелно со заемот за отпадот ќе чги трошат и парите од надоместоците за животна средина, конкретно од тој за пластичните кеси во висона од 120 милиони денари. Сите општини ќе добијат контејнери за претселекција, вкупно 7.000, а со дел од парите ќе се води посериозна кампања за отпадот, со цел граѓаните навремено да бидат информирани што ќе се случува во нивните општини и региони.

За два од петте региони е обезбеден и технички грант, со кој ќе се обезбеди техничка документација, па и тие два ќе бидат опфатени во набавка на опремата за изградба на централните депонии.

– Сите проекти ќе продолжат со реализација. Јас претходно две и пол години бев државен секретар и бев вклучена во најголем дел од активностите на Министерството. Ништо нема да застане, сè што е планирано ќе се реализира. Изминтиве години работевме на подготовка на неколку големи проекти и сега на ред е реализацијата. Сега се подготвуиваме институционално, отвараме проектни канцеларии, ги формитраме тимовите што ќе ги спроведуваат. Еден од заемите е од Европската инвестициска банка, за помош на општините, во висина од 50 милиони евра, за изградба на системи за водовод и канализација и со него ќе бидат опфатени за сите општини – најави министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот