фото: Screenshot/youtube.com/@EuropeanChessUnion

На Европското индивидуално првенство во шах едно минутен молк за оддавање почит на настраданите во Кочани

Во Ефорие Норд, во Романија денеска се одигра третото коло од Европското индивидуално првенство кое започна со едно минутен молк за оддавање почит на настраданите во трагичниот настан во Кочани.

Шаховската федерација на Македонија упатува благодарност до своите пријатели од Европската Шаховска Унија.

Шаховската федерација на Македонија со длабоко жалење изразува сочувство до семејствата на настраданите и желба за побрзо закрепнување и оздравување на повредените од трагичниот настан во Кочани, каде 59 млади луѓе го загубија животот и над 150 се повредени.

Воедно од федерацијата се апелира до сите клубови да ги откажат планираните шаховски турнири и натпреварувања во согласност со прогласената 7 дневна жалост во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот