ФОТО/Н1 Принтксрин

Фалат 500 пушки и пиштоли од полициска станица во Дољевац кај Ниш

Повеќе од 500 парчиња оружје исчезнале од простории на полициска станица во српскиот град Дољевац, кој се наоѓа на 15 км југозападно од Ниш, објави Н1 повикувајќи се на свои извори.

Како што пренесува телевизијата, исчезнато е нелегално оружје што граѓаните по наредба ѝ го предале на полицијата. Станува збор за функционални пушки, пиштоли и муниција.

Не се знае кога е исчезнато оружјето, дали има осомничени и како е тоа направено.

Од српското МВР не одговариле на барањето на Н1 за коментар за случајот.

Од полициска станица во Ниш во 2023 година исто така исчезна оружје и се води судски процес против еден полицаец и тројца луѓе блиски до него. Тоа оружје завршило на црниот пазар. Според медиумите, обвинетите се товарат само за три пиштоли што биле пронајдени, иако многу повеќе биле исчезнати, наведува Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот